Бивш фудбалер на Барса крвнички удри по Меси: Гризман не смее да се плаши од малиот фудбалер со аутизам!

Каталонскиот гигант Барселона губи бодови со кој и да игра, а нова бура доаѓа од Антоан Гризман, кој не добива минутажа каква жто посакува во моментов.

Овој пат, поранешниот играч на Барселона и сонародник на Гризман, Кристоф Дугари, „удри“ по Лионел Меси, заради статусот на Гризман!

Гризман е добар човек, смирен. Тој мора да покаже карактер, да удри тупаница на маса и да рече - не можете ова да ми го правите. Од кого се плаши - од некој кој е висок 150 сантиметри и кој е полу-аутстичен. Тој мора да му покаже ма*иња, изјави Дугари за „РМЦ Спорт“.

Според Дугари, Меси е најголемиот проблем на Гризман.

Го велам тоа цела година. Тој не добива топки од него, но тоа е она што го очекував. Гризман е изгубен, лошо поставен, нозете му се врзани. Тој мора да разговара со Меси и да му каже сè во лице, да биде непријатно. Тоа е единствениот начин што може да се реши проблемот, вели Дугари.

Тој не сакаше да го критикува Кике Сетиен, но коментираше дека тој не е тренер за Барселона.

Ова е преголем залак за него, заврши Французинот.

Французинот играше во Барселона во сезоната 1997/1998, а исто така беше и светски и европски шампион со Франција.