
„Билд“: Реал веднаш тргна по прво засилување за нападот – Каи Хаверц
Уште пред неколку дена беше најавено дека Хаверц е желба на Реал и на Карло Анчелоти, ама откако Бензема си замина, според германски „Билд“, мадридскиот великан веднаш тргна по потпис на Германецот, кој е еден од дузината фудбалери што ќе си одат од „Стемфорд бриџ“.
Според „Билд“ се очекува многу скоро да има договор, но сѐ најмногу ќе зависи од преговорите со Челси и колку пари ќе бараат „сините“ за трансфер на својот офанзивец.
Инаку „АС“ денеска најави дека Реал планира дури четири засилувања во нападот, а се бара вистинска деветка и изборот е помеѓу Хери Кејн (Тотнем), Душан Влаховиќ (Јувентус) и Лаутаро Мартинез (Интер).
Тоа што од претходно е најавено е дека неделава треба да се официјализира доаѓањето на англискиот суперталент од средниот ред Џуд Белингем од Борусија Дортмунд за 100 милиони евра плус бонуси, а Англичанецот ќе потпише до 2028 година.