Бетис го совлада Хетафе и остана во трка за ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бетис вечерва беа подобри на гостувањето кај Хетафе со 1-0 и така останаа во битката за позициите кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ).

Хетафе успешно се бранеше од нападите на гостинскиот тим во текот на целиот натпревар, меѓутоа домашните фудбалери направија пенал во 85. минута, кој го реализираше Иглеасиас (1-0).

Бетис има 31 бод, колку што имаат и Вилјареал и Атлетико Мадрид и се наоѓа на делба на четвртата позиција во Ла Лига.