Бешикташ демантира дека Адем Љајиќ е болен од коронавирус

Турскиот фудбалски клуб Бешикташ јавно ги демантираше шпекулациите на социјалните мрежи дека нивниот фудбалер Адем Љајиќ е болен од коронавирус.

Поранешниот српски репрезентативец бил болен, имал висока температура поради воспаление на крајниците. Клубот од Истанбул побара да не се шират вакви информации кои му штетат на фудбалерот.

„Нашиот фудбалер Адем Љајиќ има воспаление на крајниците и висока температура, што беше утврдено по испитувањата во болница. Потоа фудбалерот беше на боледување. Тој моментално е во стабилна здравствена состојба. Најљубезно ве молиме на социјалните мрежи да не се шират информации дека Љајиќ е болен од коронавирус“, стои во соопштението на Бешикташ.

Фудбалерот веќе се чувствува добро и почнал со индивидуални тренинзи.