
Беше еден од најдобрите во Реал Мадрид, сега е во немилост на Чаби Алонсо!
Синоќа Реал Мадрид ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, ја победи Осасуна со 1-0, а Родриго од клупата го гледаше натпреварот.
„Родриго? Ништо не се случува. Сметам на Родриго, се разбира. Ова е само еден натпревар. Одлуката беше моја“, рече Чаби Алонсо по натпреварот.
Откако Чаби Алонсо е тренер на Реал Мадрид, Родриго во просек има 15 минути по натпревар.