Бензема се посрамоти од пенал, Ал-Итихад загуби од Севилја (ВИДЕО)

Севилја одигра пријателски меч против Ал-Итихад и триумфира со 1-0, но натпреварот го одбележа промашениот пенал на Карим Бензема.

Погодокот за водство на Севилја беше постигнат уште во првото полувреме, меѓутоа Ал-Итихад можеше прв да поведе доколку Бензема не се посрамотеше од белата точка.