Бензема го продолжи договорот и сега вреди една милијарда евра!

Карим Бензема го продолжи договорот со Реал на уште две сеозни, што значи дека дресот на кралевите ќе го носи најмалку до 2021 година, соопшти шпанскиот клуб.

Бензема има 29 години, неговиот досегашен договор истекуваше во 2019, а во Мадрид пристигна од 2009 година од Лион.

Со Реал освои 14 трофеи, вклучувајќи и три од Лигата на шампионите и две титули во Примера.

Како што пренесуваат на Иберискиот полуостров, Французинот ќе заработува 7,5 милиони годишно, а секој оној кој ќе сака да го купи без да преговара со Реал, ќе мора да плати неверојатни милијарда евра.

Тој е четвртиот првотимец кој во изминативе седум дена го продолжи договорот, по Иско, Марсело и Дани Карвахал.