Бенфика откри колку пари ќе добие од Реал за потписот на Мурињо

Португалскиот тренер Жозе Мурињо треба да биде промовиран како нов предводник на Реал Мадрид по претседателските избори во клубот, доколку победи Флорентино Перез, а Бенфика откри колку пари ќе добие.

Бенфика всушност го потврди тоа што се шпекулираше во медиумите, а тоа е дека ќе добие 15 милиони евра за потписот на Мурињо.

Реал Мадрид можеше да плати само шест милиони евра, но претседателските избори ја одложија промоцијата на Мурињо, а со тоа истече и клаузулата во договорот на Португалецот.

Фото: Facebook/Sport Lisboa e Benfica