Бен Једер ќе ја спасува резултатската криза на Монако (ФОТО)

Поранешниот француски шампион, екипата на Монако, е во сериозна резултатска криза, па затоа спасот ќе го бараат во новото засилување, Висам Бен Једер.

Минатата година клубот едвај избори опстанок во Лига 1, додека сезонава имаа катастрофален почеток, губејќи на домашен терен од тимот на Лион со убедливи 0-3.

Инаку, новото засилување пристигна во францускиот прволигаш од редовите на Севилја, иако во текот на летниот преоден рок беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед.

Монако воедно потврди дека Французинот стави потпис на петгодишен договор, а медиумите пренесуваат дека трансферот чини 40 милиони евра, исто колку што изнесуваше откупната клаузула на напаѓачот.