Барселона славеше против „ол-стар“ тимот на австралиската лига

Каталонскиот гигант Барселона денеска го победи „ол-стар“ тимот на австралиската лига со 3-2, па тоа воедно беше и последниот натпревар сезонава за избраниците на тренерот Чави Ернандез.

Барселона го постигна првиот гол на мечот преку Осман Дембеле, по што екипата од Австралија со Рајндир и Траоре направи пресврт (2-1).

Каталонците не дозволија изненадување, па преку Адама Траоре и Ансу Фати успеаа да обезбедат победа.

Ова беше последен меч за Траоре, Умтити, а најверојатно и Дембеле кој има договор до 30 јуни.