Барселона сигурна против Штугарт, Сити лесно со Барнсли (ВИДЕО)

Барселона славеше со 3-0 на гостувањето кај Штутгарт на пријателски натпревар. 

Мемфис Депај со прекрасен соло-гол го отвори резултатот во 21.минута. Јусуф Демир погоди за 2-0 за Каталонците, а конечниот резултат го постави Рики Пуиџ во 73.минута. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов не беше во составот на германскиот тим.

Манчестер сити со 4-0 го совлада Барнсли. Едозие, Најт, Марез и Аке погодија за англискиот шампион.