Барселона потврди: Артур е нов играч на Јувентус (ФОТО)

Фудбалерот на Барселона Артур Мело и официјално ја продолжува кариерата во италијанскиот шампион Јувентус.

Репрезентативецот на Бразил одби да ја напушти Барселона претходно, но на крајот се согласи со условите на „Старата дама“ и замина во тимот од Торино во замена за Миралем Пјаниќ.

Барселона открива дека играчот преминал во Јувентус за 72 милиони евра со 10 милиони евра како бонуси. Сепак, на сите им е јасно дека таа ги добила тие 72 милиони со тоа што на „Камп Ноу“ пристигнува фудбалерот од Босна и Херцеговина.

Играчот останува во Барселона до крајот на сезоната 2019/20, велат од Барселона.

Артур пристигна во каталонскиот гигант во летото 2018 година од Порто Алегре, а досега има одиграно 72 натпревари за тимот од „Ноу Камп“ и има постигнато четири гола.