
Барселона почна дисциплинска постапка против сопствениот капитен!
Тој е надвор од терените поради операција на грбот и ќе отсуствува најмалку четири месеци, но и покрај тоа не дал согласност неговите лекарски наоди да бидат доставени до Медицинскиот комитет на Примера. Оваа документација му беше неопходна на клубот за да може да регистрира нов голман во согласност со правилото за итни повреди. Барселона сака да го искористи тоа правило за да го регистрира Џоан Гарсија или Војчех Шчесни, со што би се компензирало долгото отсуство на Германецот. Сепак, за да се активира тој процес, потребен е негов потпис, кој тој одбива да го даде.
Иако 33-годишниот голман изјави дека има добри односи со управата, клубот смета дека неговото одбивање сериозно ја загрозува економската и спортската стабилност на тимот. Затоа правниот тим на Барселона добил задача да испита дали постојат основи за санкционирање на играчот. Медиумите пренесуваат дека клубот е свесен оти Тер Штеген формално има право да одбие, но истовремено потсетуваат дека како капитен и член на тимот, тој има и одредени обврски.
Спортскиот директор Деко имал намера да разговара со него по враќањето од Јужна Кореја, но Тер Штеген веќе претходно јасно ставил до знаење дека нема намера да го потпише извештајот. Дополнително, Барселона сè уште не ги има регистрирано новите засилувања – Маркус Рашфорд, Руни Барџи и Џоан Гарсија – што дополнително ја усложнува ситуацијата на клубот.
ФОТО: EPA PHOTO