Барселона ќе купи напаѓач од 30 милиони евра и ќе го претстави в среда

Барселона поради тешките повреди на Луис Суарез и Осман Дембеле доби дозвола да ангажира уште еден напаѓач, а според каталонски „Спорт“ изборот паднал на 28-годишниот Вилијан Хозе од Реал Сосиедад.

Каталонците ќе платат околу 30 милиони евра за трансферот, а Хозе ќе потпише договор до 2023 година.

Трансферот треба да биде потврден во среда, кога Хозе ќе има медицински прегледи, додека можност за деби ќе добие во сабота против Хетафе.