Барселона ја состави трансфер-листата: Осум фудбалери добиваат „клоца“

Филипе Кутињо пристигна во Барселона за 160 милиони евра, па сега клубот мора да продава фудбалери за да биде во рамки на Финансискиот фер-плеј на УЕФА. 

Тренерот Ернесто Валверде не користи премногу фудбалери во својот тим сезонава, а кога им даваше шанса на резервистите не импресионираа премногу. Според шпанските медиуми веќе е составена трансфер-листата на која се најдоа дури осум имиња. Не мора да значи дека сите осумина ќе го напуштат клубот, но овие фудбалери се слободни да бараат нови клубови.

Првиот што сигурно заминува е Хавиер Маскерано и тој најверојатно се сели во Кина. На трансфер-листата се наоѓа и Арда Туран, еден од поскапите играчи на клубот, кој редовно ја грее клупата, но и често е на трибините. 

Еден од главните кандидати за заминување е Џерард Деулофеу, кој по блескавите шест месеци во Милан минатата сезона, повторно е пред враќање во Серија А, но за него се загреани Интер и Наполи. На Ернесто Валверде не му се потребни ниту Пако Алкасер, Алеиш Видал, Хозе Арнаиз, Денис Суарез и Андре Гомеш.