Барселона ја најде замената за Дембеле, неговиот менаџер пристигна на „Ноу Камп“

Откако доби дозвола од Ла Лига и покрај истекот на трансфер рокот, екипата на Барселона е во потрага по нов играч по сериозната повреда на Осман Дембеле.

Според последните информации кои пристигнаа од Каталонија, Барселона во наредните неколку дена ќе го промовира Мартин Брајтвајт (28 години) како најново засилување. Тој доаѓа од екипата на Легањес.

Шпанскиот новинар Џерард Ромеро известува дека менаџерот на данскиот репрезентативец (по потекло од Гвајана), Али Дурсун, пристигнал во Барселона за да ги договори сите детали со каталонскиот гигант. Инаку, на овој менаџер клиент му е Френки де Јонг, кој минатото лето пристигна на „Ноу Камп“.

Инаку, добро познато е дека „присилното“ засилување на Барса може да дојде само од шпански клуб, па така во последните денови се спомнуваа голем број напаѓачи од Ла Лига и Сегунда како потенцијални засилувања за тимот од „Ноу Камп“.