Барселона е само просечен тим сезонава - ништо повеќе од тоа (ВИДЕО)

Барселона го доживеа четвртиот пораз сезонава во Ла Лига, откако вечерва загуби на гостувањето кај Кадиз со 2-1 во рамки на 12.коло во Ла Лига. 

Кадиз откако го зема „скалпот“ на Реал Мадрид, сега ги реши и Каталонците. Алваро Хименез го отвори резултатот и му донесе водство на домашниот тим во 8.минута. Барселона израмни во 57.минута и тоа благодарение на автоголот на Алсала по центаршутот на Жорди Алба. 

Алваро Негредо го постигна победничкиот гол за Кадиз во 63.минута откако влезе во игра само секунди претходно. На голот на домаќинот му кумуваа Клеман Ленгле и голманот Марк-Андре тер Штеген.

За Барселона ова е четврти пораз во сезоната, па сега се наоѓа на седмото мето на табелата со 14 бодови, додека Кадиз е петти со 18 бодови.