Барселона доби понуда од 250 милиони евра за најголемиот шпански бисер

Каталонскиот гигант Барселона во своите редови има вистински бисер, а тоа е шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал кој воодушеви со неговите настапи.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона добила неверојатна понуда од 250 милиони евра за услугите на Јамал, меѓутоа веднаш била одбиена од страна на Каталонците.

Понудата била испратена од страна на францускиот шампион ПСЖ, кој очигледно нема да жали пари за младата ѕвезда, но Барселона не сака лесно да се откаже од Јамал.

Јамал сака да остане на „Камп Ноу“ и договор до 2026 година, меѓутоа се очекува соработката да биде продолжена до 2030 година.