
Барселона денеска ќе го потпише второто засилување летово – шведскиот Меси!
Каталонскиот гигант ќе плати два милиони евра за 19-годишниот фудбалер, кој го има прекарот шведскиот Меси и кој веќе ги поминал лекарските прегледи. Барџи ќе биде дел од првиот тим на Барса, но ќе добива минути и во Б-составот, според развојниот план на клубот. Од „Камп Ноу“ имаат големи очекувања од играчот роден во Кувајт, кој настапува за младинската селекција на Шведска.
Ова е второ засилување за Барселона ова лето, по доаѓањето на голманот Жоан Гарсија.
ФОТО: X / @FabrizioRomano