Барнли со еден гол го реши Кристал Палас (ВИДЕО)

Барнли славеше во денешниот меч против Кристал Палас со 1-0 во 32. коло од англиската Премиерлига.

По израмнетото прво полувреме, во кое двете екипи имаа по неколку шанси, Кристал Палас беше подобар противник во вторите 45 минути, но не успеаа да постигнат гол.

Тие создадоа дури осум шанси, но не искористија ниту една, по што казната пристигна преку Бен Ми во 62. минута, кој ги постави конечните 1-0 за Барнли.

Барнли има 45 бодови на осмата позиција, додека пред нив се Тотнем со исто толку бодови, но и подобра гол-разлика, па следат Манчестер јунајтед со 49 и Вулверхемптон со 52 зад останатите тимови од топ-4.