
Барнли и Чурлинов на поправен за осминафинале во ФА-Купот
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов играше еден час како стартер за Барнли, по што беше заменет, а после еден месец овој клуб не успеа да даде барем еден гол на меч од поразот во Лига-купот од Манчестер јунајтед. Инаку ова е само вторпат Барнли да не даде гол на еден меч во сите натпреварувања, уште од 12 август лани.
Бристол Сити го растури Вест Бромвич со 3-0, а Саутемптон со 2-1 го победи Блекпул за да им се придружи на Лидс, Лестер и Манчестер сити, кои досега обезбедија пласман меѓу 16-те најдобри во најстарото и најмасовно натпреварување на Островот.
Покрај Барнли, на поправен испит и ќе преигруваат Блекбурн и Бирмингем кои ремизираа 2-2, Фулам и Сандерленд после ремито 1-1, откако на гостите на крајот им беше поништен гол, потоа Лутон и Гримзби по ремито 2-2 и Шефилд Венздеј и Флитвуд, откако ремизираа 1-1.