Барди со фантастичен шут му донесе победа на Леванте - во 90. минута (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди со гол во 90. минута му победа на својот тим Леванте на гостувањето кај Гранада, во рамки на 17. коло во Ла Лига.

Ова е втор гол за македонскиот интернационалец оваа сезона во дресот на Леванте, а претходниот го постигна пред еден и пол месец, во победата на својот тим на гостувањето во Реал Сосиедад.

Леванте поведе во 55. минута преку Рочина, додека домаќините израмнија со голот на Мачис пет минути подоцна. Сепак, голем триумф на домаќините им донесе Барди во финишот од мечот.

 

 

После 17 кола во шпанската прва лига, Леванте има 23 бода и се наоѓа на средина на табелата.