Барди и Леванте останаа со празни раце на гости кај Мајорка, Трајковски без минутажа (ВИДЕО)

Екипата на Мајорка направи крупен чекор во борбата за опстанок во Ла Лига, откако тимот во кој настапува Александар Трајковски вечерва славеше против Леванте на Енис Барди со 2-0.

Стрелци на погодоците за домаќините беа Кучо и Кубо за големо славје во Палма де Мајорка, а со овој трумф остануваат во игра за опстанок во елитата. Сега, Мајорка има 32 бода, три помалку од 17-то пласираниот Алавес. Што се однесува до Леванте, тој е на средина на табелата.

Инаку, на овој натпревар Трајковски остана на клупата за резерви, додека Барди го одигра цел натпревар.

Што се однесува до преостанатиот меч кој стартуваше во 19:30 часот, Еибар и Леганес ремизираа без голови.