Барди блесна после долга пауза со – мангупски гол од слободен удар (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди послче повеќе од два месеци поради повреда неодамна се врати на терените, а после половина година повторно се запиша во листата на стрелците и тоа на свој најомилен начин – гол од слободен удар.

Вечерва Барди мангупски погоди против Вилјареал во 22-та минута, откако го измами живиот ѕид, па погоди по земја под истиот кој скокна очекувајќи да го префрли. Голманот на домаќините не ни мрдна.