Балотели заминува на друг континент, познат неговиот следен клуб!?

Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели се наоѓа на чекор од преселба во редовите на Лос Анџелес Галакси.

Поранешниот италијански репрезентативец минатото лето се врати во калчолигата од француската Лига 1 и постигна пет голови во 19 меча до прекинот на сезоната.

Контроверзниот фудбалер ќе ја напушти Бреша по само една соработка со клубот бидејќи нема добри односи со управата, а каконегов следен клуб се споменува Лос Анџелес Галакси, каде што неодамна играше Златан Ибрахимовиќ.