Балотели манија: Голгетерот еуфорично пречекан во Бреша (ВИДЕО)

Марио Балотели и официјално е нов фудбалер на новиот прволигаш во Серија А, Бреша. Голгетерот по неколку сезони минати во Франција во тимовите на Ница и Олимпик Марсеј, се врати во својата Италија, каде последен пат играше за Милан.

 

Навивачите на Бреша комплетно полудеа по Балотели и пред неговиот хотел се собраа во огромен број за да го прослават неговото доаѓање. Тој се враќа во градот каде порасна. Роден е во Палермо од родители од Гана но на двегодишна возраст се преселува во Бреша кај родителите кои го посвоиле.  

 

„Мајка ми плачеше кога потпишав за Бреша. Сон на мојот татко беше да ме види во дресот на овој клуб“, изјави Балотели.

Семејството кое го посвои Балотели и натаму живее во Бреша, но неговиот татко починал пред извесно време.  

Голгетерот својата професионална кариера ја почна во Интер, а претходно играше и за Лумецане. Потоа направи трансфер во Манчестер сити, а играше и за Милан и Ливерпул. Последните четири сезони ги мина во Лига 1 и играше за Ница, а последните шест месеци беше дел од Олимпик Марсеј.