Баерн Минхен во проблеми: Без Алкантара против Дортмунд

Предводникот на германскиот гигант Баерн, Ханс Флик, изјави дека играчот од средниот ред, Тијаго Алкантара, нема да се најде во составот за дерби дуелот против Борусија Дортмунд, меч од 28. коло во Бундеслигата.

Алкантара моментно се рехабилитира од оштетување на мускулите, па затоа нема да биде во кмбинација за дуелот против Дортмунд.

Тијаго денес не тренираше. За жал, тој нема да може да игра на дербито со Борусија, соопшти Флик.

Алкантара ќе ја пропушти и втората средба по ред, откако во сабота не се најде на списокот на играчи за натпревар од 27. коло од Бундеслигата, против Ајнтрахт Франкфурт.

Дваесет и деветгодишниот Шпанец заработи повреда во текот на првиот натпревар (Унион Берлин) по продолжувањето на сезоната прекината поради пандемијата.

Алкантара има три гола и две асистенции на 33 натпревари за Баерн во сезоната 2019/20.