Баерн Минхен потешко од очекувањата го „доби“ Вердер – два гола за Кејн (ВИДЕО)
Головите паднаа во второто полувреме и донесоа нови три бода за баварскиот гигант, кој ја зголеми својата предност на врвот на табелата. Домашните од самиот почеток имаа иницијатива, вршеа притисок и создаваа шанси, но Вердер успеа да одолее во првиот дел, кој заврши без голови. Најблиску до водство Баерн беше преку Хари Кејн, кој ја погоди пречката на почетокот од второто полувреме.
Баварците во 56. минута добија пенал, а Кејн беше сигурен реализатор за 1-0. Тимот на Винсент Компани продолжи да напаѓа и ја осигура победата во завршницата. Лирој Сане го постигна вториот гол во 82. минута по асистенција на Конрад Лаимер, а конечните 3-0 ги постави Кејн, кој во судиското продолжение реализира уште еден пенал.
Со овој триумф, Баерн Минхен стигна до 54 бодови и ја зголеми предноста пред второпласираниот Баер Леверкузен.