Баерн Минхен почна да тренира, на специјален начин и со корона-протокол (ФОТО)

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен е уште еден во низата тимови, кои решија да му пркосат на коронавирусот со враќање на тренажниот процес, но со посебен протокол со цел да не се ризикува со болеста Ковид-19.

Ѕвездите на тимот во тренинг-центарот влегувале еден по еден во одреден временски интервал, а на теренот во исто време немало повеќе од петмина фудбалери, кои меѓу себе одржувале растојание од најмалку еден ипол метар. Според протоколот, тие имале одвоени соблекувални, со цел да се спречи ширењето на вирусот, а поздравувањата и прегратките се строго забранети.

Меѓусебниот контакт бил забранет и на самиот тренинг.