Баерн Минхен од нов спонзорски договор ќе добие - 500 милиони евра!

Баерн Минхен договори десетгодишна соработка со познатиот произведувач на автомобили Ауди, а вкупната вредност на соработката изнесува 500 милиони евра, односно 50 милиони евра годишно.

Карл Хајнц-Румениге порача дека е задоволен поради новата соработка со спонзорот, која е многу важна за клубот.

„Многу сум среќен поради новата соработка со Ауди. За нашиот клуб тоа е важен договор од стратешки план и претставува чекор кон иднината. Баерн и Ауди имаат одлична соработка повеќе од 15 години“, кажа Румениге.