Баерн го претстави новиот дрес кој личи на тој што го имаше Реал во 2019 година (ФОТО)

Германскиот шампион Баерн Минхен пред неколку недели го претстави првиот дрес за следната сезона, а сега решија да го покажат и новиот дрес за гостинските дуели.

Баварците преку официјалната страна го промовираа дресот, кој изгледа прекрасно, но во исто време потсетува на тој што го имаше Реал Мадрид во 2019 година.

Навивачите на Баерн не се среќни затоа што „Адидас“ не се потрудил да направи поразличен дрес.