Баерн Минхен продолжува да гази во Бундеслигата (ВИДЕО)

Баерн Минхен славеше на гостувањето кај Гројтер Фирт со 3-1 во рамки на 6.коло во Бундеслигата и со тоа ја запиша петтата победа по ред. 

Баварците иако играа со играч помалку речиси цело второто полувреме не дозволија противникот да се понадева на позитивен резултат. Томас Милер во 10.минута ја најави победата, на на 0-2 зголеми Џошуа Кимих по половина час игра.

Бенжамин Павар потоа заработи директен црвен картон поради остар старт во 48.минута. Себастијан Грисбек си постигна автогол во 68.минута за 0-3, а утешниот гол за домашниот тим го постигна Седрик Итен во 88.минута.