Бабунски стрелец во триумфот на Дебрецин над Залаегерсег

Македонскиот фудбалер Доријан Бабунски постигна гол во убедливата победа на Дебрецин над Залаегерсег (3-0) во 17. коло од унгарскиот шампионат.

Шчечи погоди за водство на Дебрецин по само три минути игра, а потоа Џуџак од пенал во 35. минута стрелаше за предност од 2-0 на домаќините.

Бабунски во второто полувреме од натпреварот, односно во 53. минута го постигна третиот гол на Дебрецин на мечот, по што беше заменет во 73. минута.

Ова беше петти гол за Бабунски во дресот на Дебрецин оваа сезона.