Азар урнебесно им одговори на критичарите во Мадрид: Не разбирам шпански!

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Еден Азар, изјави дека речиси и не ги забележува критиките затоа што не зборува шпански.

Белгиецот летово дојде во Реал Мадрид од Челси, но поради неговата послаба форма на почетокот од сезоната, често пати трпеше остри критики од јавноста, но очигледно тоа не му пречи.

Јас немам проблем во Мадрид. Луѓето зборуваат за Реал Мадрид цело време, затоа и дојдов тука. Што се однесува до критиките, не го разбирам добро шпанскиот јазик, па затоа не ги забележувам критиките, истакна Азар.

Оваа сезона Белгиецот одигра четири натпревари за Реал Мадрид, а во нив забележа само еден погодок и една асистенција, што е премалку за тим каков што е „кралскиот“.