„Азар е фудбалскиот Мајкл Џордан“
Годинава Азар не беше ниту меѓу најдобрите 10 во изборот за „Златната топка“, но Мартинез е сигурен дека во иднина тој ќе биде еден од освојувачите.
„Можам да ги видам Азар како ја освојува ‘Златната топка’. Тој ја има таа улога да може да биде освојувач. Она што го има направено досега е на ниво за оваа награда и секогаш е во трка за ‘Топката’. Тој играше фантастично во Челси, а исто така и претходно во Франција. Тешко е за еден странски фудбалер да биде главна референца во амбициите на еден клуб да победува во првенството. Тој е фудбалер на кого му го давате последниот пас, како Мајкл Џордан. Азар е фудбалскиот Мајкл Џордан“, вели Мартинез.
Азар сезонава има бавен старт на неговата кариера во Реал Мадрид, а најголем проблем за тоа се повредите.