Атлетико Мадрид ја растури Валенсија и чекори сигурно кон трофејот во Ла Лига (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид реди победи во шпанската Ла Лига, а денешна жртва им беше тимот на Валенсија (3-1).

Валенсија тргна добро во мечот и постигна прекрасен погодок преку Рачиќ за водство од 1-0, но нивната радост не траеше долго бидејќи Жоао Феликс израмни на 1-1.

Луис Суарез во второто полувреме погоди за целосен пресврт (2-1), додека Анхел Кореа ги постави конечните 3-1.

Атлетико Мадрид има 47 бодови на првото место и еден меч одигран помалку од второпласираниот Реал Мадрид, кој има 40 бодови. Трета е Барселона со 37, а Севилја има 36.