Атлетико Мадрид го промовираше најновото засилување (ФОТО)

Српскиот голгетер Иван Шапоњиќ и официјално е нов играч на Атлетико Мадрид, објави клубот на својот клупски сајт.

Поранешниот фудбалер на Партизан, минатите три сезони ги мина во редовите на Бенфика, но не доби шанса во португалскиот великан. Минатата сезона беше дел од Б - тимод на Бенфика и на 28 натпревари постигна шест гола и забележа две асистенции.

Финансиските детали околу тоа колку ќе остане на „Ванда Метрополитано“ се уште не се познати. Останува да видиме дали овој млад фудбалер ќе се наметне кај Диего Симеоне, кој има пеколен тим за наредната сезона, а конкуренција во нападот му се Жоао Феликс, Алваро Мората и Диего Коста.