Атанасов: Среќен сум што дојдов во Краковија, знам колку голем клуб е!

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов од вчера и официјално е нов член на полска Краковија откако го реализираше трансферот од сплитски Хајдук и потпиша три ипол годишен договор со полскиот клуб.

Атанасов после потпишаниот договор посочи дека е задоволество што доаѓа во голем клуб како Краковија и дека неговото доаѓање во Полска е едно повисоко ниво во кариерата, најавувајќи дека се надева на добри резултати и многу радости за навивачите на овој клуб.

„Задоволство е што дојдов во Краковија. Имам неколку пријатели од Полска кои ми кажаа дека Краковија е голем клуб, но јас го следев полскиот фудбал и знам за колку голем клуб се работи, така да среќен сум што дојдов тука“, вели Атанасов.

Тој на навивачите им се претстави како фудбалер кој сака да игра со топка, сака тим ккој бара посед и им порача да дојдат на стадион за да го гледаат клубот, а тој и соиграчите ќе се потрудат да донесат многу радости

„Имам три клуба зад мене, сите големи клубови, но мислам дека Краковија е ново големо ниво. Навивачите од следниот меч ќе видат каков фудбалер сум, сакам да играм со топка, сакам тим кој има посед на топка... Имам порака за навивачите да дојдат и да нѐ поддржат, да видат каков стил играме, се надевам дека ќе бидеме добри и дека сите ќе биат среќни“, додаде Атанасов.