Аталанта направи чекор назад во битката за ЛШ

Фудбалерите на Аталанта прокоцкаа победа против Верона (2-2) во 32. коло од Серија А и направија чекор назад во трката за Лигата на шампиони (ЛШ).

Скамака во 13. минута погоди за 1-0, а набрзо стрелаше и Едерсон за 2-0, по што Аталанта мислеше дека лесно ќе ги освои бодовите, но Верона во вториот дел се разбуди и преку Лазовиќ и Нослин израмни на 2-2.

Аталанта е на шестата позиција во Серија А со 51 бод, односно осум бодови помалку од четвртопласираната Болоња.