Астон вила конечно победи: Весли и Ел Гази го решија Евертон (ВИДЕО)

Астон Вила стигна до првата победа во Премиерлигата сезонава, откако на домашен терен беше подобра од Евертон со 2-0.

Евертон играше поквалитетен фудбал од стартот на мечот, но Астон вила ја искористи првата посериозна шанса во првото полувреме, откако преку Весли во 21. минута погоди за 1-0.

„Кармелите“ се обидоа во вторите 45 минути да стигнат барем до бод, но не успеаа да ја затресат противничката мрежа, па казната стигна во 95. минута преку Ел Гази, кој ги постави конечните 2-0.