Арсенал пукна „петарда“ за едно полувреме против Вест хем (ВИДЕО)

Актуелниот англиски вицешампион Арсенал води со 5-2 против Вест хем во лондонското дерби по првото полувреме.

Габриел ја отвори серијата на погодоци за „топчиите“, а потоа стрелаа Тросар, Одегард и Хаверц за водство од 4-0, по што возвратија Ван-Бисака и Емерсон.

Арсенал, сепак, постигна и петти гол од пенал преку Сака во петтата минута од судиското надополнување.