
Арсенал продава двајца фудбалери, па купува засилување за 60 милиони евра
Тренерот Микел Артета најпрво сака да се ослободи од услугите на Леандро Тросар и Габриел Жесус, кои имаат високи плати, а потоа ќе купи засилување од 60 милиони евра.
На листата со желби на „топчиите“ се наоѓа Анџело Стилер од Штутгарт, чија цена изнесува 60 милиони евра.
За услугите на Стилер претходно интерес покажаа уште неколку екипи, меѓу кои се Манчестер јунајтед и Ливерпул.
Фото: Facebook/Arsenal