Арсенал побара одложување на северно-лондонското дерби со Тотнем

Арсенал официјално упатил барање до Премиерлигата за одложување на северно-лондонското дерби со Тотнем, закажано за во недела, поради зараза од коронавирус, но лигата утре ќе решава за тоа барање.

„Скај Спорт“ предмалку објави дека „топчиите“ го доставиле барањето за одложување на мечот, но Тотнем не се согласува, зашто не верува дека во таборот на лутиот ривал има толкав голем број на заразени, ама сепак конечна одлука ќе донесе Премиерлигата.

Денеска веќе беше одложен еден меч поради ковид-19, па Барнли и Лестер нема да играат во утрешниот меч кој беше закажан според распоредот.

Арсенал вчера играше со Ливерпул во ремито без голови во првото полуфинале од Карабао-купот.

Повеќе од 15 меча од средина на декември досега се одложени во Премиерлигата откако омикрон-сојот екстремно се рашири на Островот.