Арсенал испраќа понуда до Лестер за Џејмс Медисон

Џејмс Медисон ќе биде приоритетен трансфер за менаџерот на Арсенал, Микел Артета ова лето. 

Според шпекулациите во англиските медиуми, Лестер сити го проценува својот фудбалер на 60 милиони фунти. Арсенал планира да понуди одредена сума и во трансфер да вклучи еден или двајца играчи.

Моментално на излезна врата од „Емирати“ се Ејнсли Мејтланд-Најлс, Џо Вилок, Реис Нелсон и Еди Енкетиа.

Арсенал летово веќе направи еден голем трансфер, бидејќи потпиша со Бен Вајт за 50 милиони фунти од Брајтон.