Арсенал го откупи Давид Раја: Сонот ми се оствари

Eкипата на Арсенал го откупи голманот Давид Раја кој минатата сезона ја помина на позајмица во лондонскиот клуб.

Арсенал ја искористи можноста за откуп и ја активираше клазулата од 31.9 милиони евра. Раја во изминатата сезона прими само 16 голови во Премеир лигата, а исто така и на 16 натпревари за зачува својата мрежа „чиста“. Кога се сите натпреварувања во прашање, Раја одигра 41 натпревар и не прими гол на 20 од нив.

„Минатата година бев на позајмица, а сега конечно можам да кажам дека сум фудбалер на Арсенал во наредните неколку години. Сонот ми се оствари“, изјави Раја.

Откако го замени Рамсдајл, Раја стана еден од најважните во тимот на Микел Артета кој во изминатата сезона се бореше за титулата.