Арсенал ги чека Болоња и Базел да се договорат за Калафиори!

Според „Газета дело Спорт“, Арсенал си ја завршил работата за ангажман на дефанзивецот Рикардо Калафиори, но има проблем меѓу Болоња и Базел.

22-годишниот фудбалер е на Болоња, но кога Базел го продавал на италијанскиот клаузула има клаузула за половина од следната продажба на Калифиори.

Сега на Болоња и се гледа многу сумата која треба да му ја даде на Базел па преговара со швајцарскиот клуб да ги намали барањата.

Арсенал нуди 40 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси, но на Болоња оваа сума и изгледа малку кога ќе ја подели со Базел.

Топчиите ги завршија преговорите со Болоња и веќе пет дена немаат слушнато никаков одговор од Италијанците, но се надеваат дека тие ќе најдат заеднички јазик со Базел и трансферот ќе се реализира.