Араухо ја спаси Барселона од срамен пораз на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Барселона одигра 1-1 против Гранада во рамки на 5.коло во Ла Лига. 

Каталонците се спасија од пораз во 90.минута благодарение на голот на Роналд Араухо со глава. Гранада водеше речиси цел натпревар, бидејќи поведе во 2.минута преку Домингос Дуарте.

Барселона е седма на табелата со осум бодови од четири натпревари, додека Гранада е 17-та со три бода.