Апенините „горат“: Иста ситуација – за Јувентус има пенал, а за Наполи нема!? (ФОТО)

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус се спаси со пенал синоќа на „Сан Сиро“ во првото полуфинале со Милан, откако Кристијано Роналдо изнуди, па го реализираше ударот за реми 1-1, но судиската одлука како и обично предизвика куп контроверзи.

После новиот пенал за „старата дама“, Апенините се запалија за скоро идентични ситуации во кои, за Јувентус е досуден пенал, но не и за Наполи во пресметката завчера во која наполитанците со Елиф Елмас не добија пенал во тирумфот со 1-0.

Во ситуацијата на Роналдо, неговиот обид со ножички заврши во раката на Калабрија, а со помош на ВАР и прегледувањето на снимката, арбитарот покажа на белата точка. Дека имаше игра со рака е очигледно, но замерките се дека прво Калабрија е свртен со грб и нема преглед за намерно да го попречи ударот.

Второ е што за слична ситуација Наполи не доби пенал ден претходно. На центаршутот на Зиелински, топката во рака го погоди Стефан Де Вриј, но судијата остана нем, зашто и Холанѓанецот беше свртен со грб, па немаше преглед.


Арно ама, во Италија за скоро идентични ситуации има две различни пресуди. И сето тоа доволно за да се крене прашина, а повторно Јувентус да се стави на „столб на срамот“, дека и со ВАР има таква судиска помош како никој друг на Чизмата.