
Ањели 28 пати му се јавил на Роналдо да го убедува за трансфер во Јувентус
Реал Мадрид и Јувентус играа контраверзен дуел во четвртфиналето од Лигата на шампионите минатата сезона, но токму овие два дуели му помогнаа на Ањели да го убеди Роналдо на трансфер.
Португалецот постигна прекрасен гол со ножички во Торино во победата на „кралевите“ од 3-1 и целиот стадион му даде овации за потегот. Овој момент останал врежан во Роналдо, а токму тоа го искористил Ањели при преговорите. Втората работа е дека претседателот на Јувентус знаел точно во кој момент да почне да му се „додворува“ на Португалецот.
Кога Флорентино Перез јавно кокетираше со Нејмар, Роналдо се почувствувал запоставен, па Ањели постојано му се јавувал на телефон за да разговара за трансфер. Шпанските медиуми откриваат дека претседателот на Јувентус му се јавил на фудбалерот дури 28 пати. Токму оваа тактика на Италијанецот се покажала како добитна, бидејќи Роналдо уште пред две недели по телефон му соопштил на Ањели дека доаѓа во Јувентус.
Првиот човек на „старата дама“ знаел дека веќе го завршил потешкиот дел, па сега останува само да се решат деталите со Реал Мадрид.