
Андреа Пирло се враќа на клупата и повторно ќе работи во Серија А
По само една сезона тој го напушти Јувентус откако лани ја загуби титулата од Интер, па оваа натпреварувачка година беше без ангажман. Иако имаше понуди од други клубови од Италија, но и странство тој реши да паузира.
Шпекулациите во италијанските медиуми велат дека Пирло летово е подготвен да се врати на работа и дека ќе ја преземе Специја. Актуелниот тренер на овој клуб, Тијаго Мота се очекува да го напушти кормилото за да преземе нов предизвик во кариерата.